За Нас

Пред повеќе од три децении на македонскиот пазар се отвора семејната компанија "Рикром" која се бави се до денес со трговија на суровини и опрема за пекарство, слаткарство и сладоледи. Во 2003та година како гранка ја развива и сестринската компанија "Рикапри" која започнува да работи и да се фокусира пред се на слаткарскиот програм и сладоледи, за подоцна да се развие во трговија со широк спектар на прехрамбени продукти. И двете компании работат исклучиво големопродажба со големи светски брендови како Barry Callebout, Caputo, Remia, Joygelato, Irca, Glazir, Mantler, Nashe Klasje, Ruitenberg, Dubor, Mek3, Moretti Forni, Longoni, Isa и многу други, снабдувајќи го целосно угостителскиот сектор како во земјата така и во соседните држави.

Во 2020та годин, во терк со иновативната технолигија и новите побарувања на пазарот се основа онлајн малопродажба под брендот "Мои Намирници" со директна бесплатна достава до секое домаќинство. Овој продажен канал го изработивме со многу љубов и ентизијазам кон готвењето и консумирањето квалитетни и здрави намирници. Со светлосна брзина се разви нашата страница на социјалните медиуми, со стотици нарачки и илјадници задоволни клиенти кои денес ни се веќе пред се наши пријатели!

Со исто толкав емтузијазам и посветеност продолжуваме и понатаму да работиме на секое поле! Наше најголемо задоволство се насмеаните лица и превкусните рецепти кои ги спремате секојдневно бидејќи постоиме и се развиваме за вас!